Д-р Милен Врабевски е бугарски бизнисмен, голем филантроп и мецена. Тој е основач и прв човек на Фондацијата „Бугарска меморија“. Иницијатор и финансиер е на огромен број добротворни иницијативи во Бугарија, РС Македонија, Украина, Молдавија, Албанија и Србија.

Дали навистина сте главниот финансиер на бугарските културни центри во Македонија?
Д-р Врабевски: Да, навистина. Моите иницијативи се строго синхронизирани со, а понекогаш и се направени по барање на бугарската држава. Дозволете ми да направам едно појаснување: им помагам на многу луѓе во PCM. Имам дури и своја програма за социјална помош за деца од ранливите категории во вашата земја. Вложувам и во здруженијата за пријателство меѓу Бугарија-Македонија.
Се разбира, тоа не е главниот приоритет на мојата фондација „Бугарска меморија“. Истата ја создадов за официјално да помага во 5 главни насоки: образовни иницијативи, борба против демографската криза во Бугарија, европската интеграција на бугарската историска дијаспора, поддршката на кариерениот развој и реализацијата на младите луѓе и обновување на културно-историското наследство со цел попатриотско образованието на младата генерација. Секако, неделив дел од нашите функции е заштитата на нашите национални интереси и приоритети.
Како го коментирате фактот, што вашето име се споменува во „негативна конотација“, барем од македонската опозиција?
Д-р Врабевски: Не го разбирам, не ме чуди, но и не ме засега. Луѓето како мене се препознаваат по делата. Постојано докажувам дека јас и мојот тим работиме за прекугранична соработка меѓу двете земји, (за што сум и лауреат на Граѓанската награда на Европскиот парламент: Европски граѓанин на годината, 2013; ова е највисоката награда на Европскиот парламент а како што се гледа во текот на годините, не од вчера, се докажав на ова поле). Целта е добрососедство, пријателство и градење економски мостови. Прашајте ги незадоволните зошто не протестираа кога поправав крило во Струмичката болница, кога ви помогнав во кризата со Ковид со заштитна опрема и вакцини, (а вие немавте ниту една одобрена од ЕМА), кога правев компјутерски соби во вашите училишта или давав помош на болни деца или на деца од ранливите категории…
Според нивната логика, веројатно е погрешно и тоа што ја одбележиме 1008-та годишнина од смртта на царот Самуил?

Сепак, видовте дека по долги разговори во историските комисии, вистината излезе на виделина и конечно разбравте чиј е цар Самуил. Вака се надевам дека вистината ќе излезе на виделина и за царот Борис III – „Големиот Европеец“, според магазинот Тајм, од 1941 година:

И додека плачеа заради името „Ванчо Михајлов“, „опозиционерите“ пропуштија да го прегледаат видеото на нивниот патрон господинот Груевски на оваа тема. Зошто не протестираа кога тој ја пресече лентата за музејот во Ново Село?

Само ќе ве потсетам на еден историски момент во 2018 година. Јас ви го донесов Светиот оган со приватен авион во име на добрите односи меѓу двете земји. Ваквите работи го градат братството во реална ситуација. И вистината. Да не бегаме од неа. Се друго се шпекулации засновани на југословенското тоталитарно минато.
Не ги правам овие донации само за вас. Имам слични активности во Украина, Молдавија, Србија, Албанија итн. На пример, во Албанија, во соработка со нашата држава, си ги поделивме инвестициските улоги: јас ги презедов училиштата и социјалната помош во Преспа и Корча, а државата го изгради патот Билишта-Врбник.


Дониравме амбулантно возило за итна помош, противпожарно возило и возило за социјален патронаж на општина Преспа, Албанија – нешта, што досега недостасуваа во оваа територија.

Дониравме опрема за компјутерската сала, учителската соба и библиотеката на училиштето во село Пустец, Албанија;

Ја финансиравме изградбата на водоводoт во селото Туминец, Албанија, благодарение на што две од деветте села во областа сега имаат 24-часовно водоснабдување;

Што мислите за клубовите? Која е целта на овие клубови во општеството?
Д-р Врабевски: Постоењето на бугарски клубови е нормално и неопходно, не само во РС Македонија, туку во секоја земја каде што има Бугари. Создавањето на бугарските културни центри во Македонија започна по потпишувањето на Договорот за добрососедство со Бугарија. Тамошните луѓе почнаа да веруваат дека е дојдено време да се елиминира деценискиот страв од истакнувањето на нивната бугарска самосвест, се собраа и ги создадоа овие здруженија за да се вратат на своите историски корени и да ја бранат бугарската идеја во Македонија. Овие клубови работат на културна и економска размена, елиминирање на говорот на омраза (ова вклучува откривање на вистината за историското минато и кршење со тоталитарните наредби на вознемирување поради етничкото потекло), олеснувајќи ја европската интеграција на РС Македонија.
ВМРО-ДПМНЕ ве обвини дека сте бил гостин на македонската влада додека Зоран Заев беше премиер. Каков е вашиот однос со поранешниот премиер? Во кое својство ја посетивте владата?
Д-р Врабевски: Дали гостувањето кај господинот Заев е обвинение? Нема ништо чудно или скриено во врска со мојата средба со вашиот премиер, која се одржа во 2017 година во присуство на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Струмички дедо Наум.
Тема на нашиот разговор беа конкретни предлози за зајакнување на добрососедските односи меѓу двете земји. Акцентот беше најмногу на тоа што можам да направам за да помогнам. Го известив премиерот дека ќе ви го донесам Светиот оган и ќе помогнам колку што можам за признавањето на Македонската православна црква од нашата православна црква (која во тоа време беше поканета да и биде црква-мајка). Разговорот се одвиваше во пријателска атмосфера. Тој продолжи со конструктивни иницијативи за успешна билатерална соработка во рамките на европските интеграции. Некои од нив се веќе исполнети. Тоа главно се однесува на работата со децата од двете страни на границата – заеднички образовни проекти (во континуитет), средби меѓу директорите на училиштата од двете страни на границата (одржавме една, финансирана од мене и нашето Министерство за образование и наука), моја донација за најголемиот соборен храм на територијата на РСМ – оној во Делчево, општи прослави итн. Нема ништо чудно во тоа што филантропи како мене се во постојана комуникација со политичарите. Минатата година имав и лична средба со претседателот Пендаровски, со предлог од моја страна да се формира граѓанска иницијатива во РСМ за стабилна позиција за евроатлантската ориентација на Македонија и надминување на спорот со Република Бугарија.
Го публикуваме интервјуто на д-р Милен Врабевски за сајтот Локално со негова дозвола!
Прилог во однос на прашањето за „фашистот“ цар Борис III.
На 31 јули 1942 год. во Битола започнува конгресот на Илиденската организација, кој продолжува до 4 август. Конгресот на Илинденците е дел од чествуването на 39-годишнината од Илинденското востание.
Конгресот на Илинденците ја испраќа следната телеграма до Цар Борис III:
“Собрани на конгрес во лулката на Илиденското востание – Битола, ликувајќи од радост поради слободата, која што најпосле ја огреа со своите зраци до вчера измачуваната родна Македонија, слобода спечалена благодарение на мудрата политика на Вашето Височество, израдувани и од Вашето внимание да бидат поздравени преку специјалниот ваш пратеник, г.П. Габровски, министер на Втр.М-во, Илинденците Ви ги изразуваат најсвечени поздрави и го молат Севишниот да дари здравје, среќа и долг живот Вам и на Августејшето Ваше семејство, за да го продолжите до крај ослободувањето на сите браќа българи, кои копнеат за својата слобода и да го доизградите величието на обединена и силна България.”
Цар Борис III во одговор на Илинденците, ја праќа оваа телеграма:
“Ви благодарам од срце Вам на храбрите илинденци за убавите поздрави што ми ги упатувате од конгресот во средиштето на чествуваното сега славно Илинденско востание. Уште еднаш ве поздравувам сите вас несебични борци за национална слобода, длабоко поклонувајќи се пред светлата памет на хероите и скапите жртви кои паднаа во легендарната епопеја.
Бог да ја благослови нашата свето народно дело и да ни помога во изградувањето на просперитетот и величието на обединета България“.
Кои лица учествувале на конгресот на Илиденците во Битола во 1942 год.?
За таа цел од старите предели на Бугарија пристигнуваат над 300 Илинденци, повеќето од кои се бегалци од Вардарска Македонија по време на србското робство (1918-1941 г.). Meѓу учесниците на конгресот на Илинденците во Битола биле воjводи во борбите во 1903 год. и останати револуционери од Вардарска, Пиринска и Беломорска Македонија, меѓу кои поистакнати се:
1. Анастас Лозанчев, роден 1870 г. во Битола – член на Главниот штаб на Илинденското востание (заедно со Даме Груев и Борис Сарафов);
2. Георги Поп Христов, роден 1876 г. во с.Крстоар, Битолско – заменик на Даме Груев во Главниот штаб на Илиндеското востание, учествува во востанието во Леринско и Костурско. На шестиот конгрес на ВМРО во 1925 год. е избран за член на Централниот комитет, заедно со Иван Михајлов и Александар Протогеров. Од 1941 год. живее во Битола и организира чети за борба против комунистичките партизани.
3. Андон Кецкаров, роден 1865 г. во Охрид – охридски војвода по време на востанието;
4. Лазар Томов, роден 1878 г. во с.Годлево, Разложко – разложки војвода по време на Илинденското востание и претседател на Илинденската организација;
5. Крсто Лазаров, роден 1881 г. во с.Коњух, Кратовско – учесник во Илинденското востание во скопскиот реон, војвода на ВМРО во периодот на србското робство и водител на котрачета за борба со комунистите до 1944 год.;
6. Милан Ѓорлуков, роден 1884 г. во с. Кривогаштани, Прилепско – прилепски војвода на ВМОРО;
7. Величко Велјанов, роден 1874 г. во с.Црешево, Скопско – скопски војвода на ВМОРО;
8. Милан Матов, роден 1875 г. во Струга – учесник во Илинденското востание во струшкиот реон и битолски војвода на ВМОРО, брат на идеологот на ВМОРО – Христо Матов;
9. Лазар Киселинчев, роден 1874 г. во с.Косинец, Костурско – член на Костурското горско началство по време на Илинденското востание;
10. Георги Чуранов, роден 1860 г. во с.Смилево, Демир Хисарско – во неговата куќа се одржува Смилевскиот конгрес на ВМОРО, а тој е назначен за револуционен началник на Ѓавотколскиот реон по време на востанието;
11. Христо Шалдев, роден 1876 г. во Гумендже – се враќа од студии во Санкт Петербуг за да учествува во Илинденското востание и се бори во регионот на Скопје;
12. Лука Джеров, роден во 1869 г. во Битола – раководител на Кичевскиот револуцинерен комитет за време на Илинденското востание;
13. Свештеник Тома Николов, роден 1863 г. во с.Вранештица, Кичевско – комита во четите на Тома Давидов и Славејко Арсов, учесник на Смилевскиот конгрес во 1903 г.
14. Владимир Карамфилов, роден 1877 г. во Прилеп – учесник во подготовката на Илинденското востание като член на прилепскиот околиски комитет, бил дел од четата на Борис Сарафов;
15. Апостол Христов Фрчковски, роден 1877 г. во с.Галичник – за време на Илинденското востание е раководител на галичко-реканскиот револуционерен округ;
16. Христо Настев, роден 1876 г. во Штип – делегат на Смилевскиот конгрес, по време на Илиндеското востание се бори во Леринско, во четата на Георги Поп Христов;
17. Христо Танушев, роден 1877 г. во Крушево – војвода на Врховниот македоно-одрински комитет и учесник во Илинденското востание во Серскиот округ;
18. Димитар Спространов, роден 1882 г. во Охрид – по време на Илинденското востание е војвода во Кичевско;
19. Димитар Динев, роден 1880 г. во с.Бајалци, Гуменџиско – по време на Илинденското востание е комита во четата на Сава Михајлов и е ранет во борбите крај с.Клисура, Костурско;
20. Никола Велјанов Алтипармаков, роден 1867 г. во с.Доленци, Битолско – член на Врховниот македоно-одрински комитет (ВМОК), а потоа на битолскиот окружен комитет на ВМОРО;
21. Ташко Костов, роден 1879 г. во с.Горно Врбени (Екши-Су), Леринско – комита во четата на леринскиот војвода Пандил Шишков;
22. Коце Ципушев, роден 1877 г. во Радовиш – деец на ВМОРО, лежел неколку години во затвори во турско робство и 20 години во затвор под србско робство;
23. Свештеник Јордан Ангелов, роден 1874 г. во Прилеп – деец на ВМОРО во прилепскиот крај;
24. Кирил Христов Совичанов, роден 1878 г. во Битола – член на околискиот комитет на ВМОРО во Дедеагач, каде што бил учител. Претседател на Илинденската организација и уредник на списание “Илустрација Илинден”;
25. Александар Развигоров, роден 1874 г. во Штип – раководител на кочанскиот околиски комитет на ВМОРО од 1898 г.;
26. Илија Христофоров, роден 1879 г. во Радовиш – деец на ВМОК и ВМОРО.
Дали сите овие преживеани Илинденци биле “фашисти и соработници на бугарскиот фашистички окупатор” или пак старите илинденци и ополченци знаеле за каква Македонија се бореле како комити и војводи на ВМОРО во 1903 год., а знаеле и зошто се бореле во редовите на Бугарската армија во Балканските војни и во Првата светска војна.


Източник: Трибуна